Често поставувани прашања за MNet-NVoD
Што е MNet-NVoD?
MNet-NVoD е иновативна платформа за емитување на хибридни телевизиски канали, базирани на дисперзирана ИПТВ мрежа (телевизиска мрежа базирана на интернет протокол), која отвора многу нови можности и услуги во телевизиското емитување, кои до денес не беа достапни во класичното емитување на телевизиска програма. Во главно иновативноста се состои во обединување на класичното емитување на телевизиски сервис, со дигиталното емитување и дигиталниот маркетинг.
Платформата е покрената со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија (ФИТР), преку обезбедување на средства за техничка и информатичка техногија потребна покренување на истата, како и финансиски средства за менаџирање на истата.
Кои се новите можности кои ги нуди MNet-NVoD?
MNet-NVoD отвара нови можности на две полиња:
1. Можност помали продуценти, како и интернет инфлуенсери (јутјубери, инстаграмери, видео блогери, гејмери и сл.) да покренат свој телевизиски канал (ИПТВ или класичен), а се уште да ги користат придобивките од дигиталниот маркетинг, кон којшто и се стремат. Со отворањето на вакви телевизиски канали ќе се оформи еден екосистем од тематски канали;
2. Можност за бизнис компаниите да се рекламираат тематски и дозирано по тема, временски опсег и посакувани телевизиски канали, а сето тоа проследено и со дигитален маркетинг од самите производители на аудиовизуелните дела кои се емитуваат.
Кои се новите услуги кои ги нуди MNet-NVoD?
MNet-NVoD нуди нови услуги кои до сега не беа можни со класичното емитување на телевизиска програма. Услугите се поделени во два дела: услуги насочени кон емитувачите на аудиовизуелни дела, како и услуги насочени кон бизнис секторот со рекламни стратегии.
1. Услуги насочени кон емитувачите на аудиовизуелни дела:
- емитување на аудиовизуелно дело на телевизиски канал со одредена тематика;
- заработка од реклами преку системот ad-sharing (споделени реклами);
- можност за покренување на свој тематски телевизиски дисперзиран канал, доколку имаат доволно материјали за реализација на истиот;
- можност за заработка од самиот телевизиски канал, врз основа на партнерство со MNet-NVoD.
- промоција и емитување на дел од видео содржините на класичен телевизиски канал, достапен на кабелските оператор, покренат како дел од оваа платформа.
- можност да ги збогатат услугите кои ги нудат во сферата на дигиталниот маркетинг, со услугите на класичниот маркетинг.
2. Услуги насочени кон бизнис компании:
- тематско телевизиско рекламирање во потканали, коишто ја дефинираат таргет публиката на стоките и услугите до која треба да се пласираат;
- класично телевизиско рекламирање во тематски емисии на класичен телевизиски канал, достапен во кабелските оператори, а покренат како дел од оваа платформа;
- дигитален маркетинг обезбеден од самата платформа, а поддржан од самите производители на аудио визуелни дела.
- земајќи ги во предвид погорните три точки, можност за хибридно рекламирање во сите три вида рекламни услуги, дозирано во согласност на маркетинг стратегијата на клиентот, со прецизно дефинирање на таргет публиката.
Зошто ваква иновативна хибридна платформа се покренува токму во Македонија?
Светот во денешно време е сведок на бизнис ривалства помеѓу т.н. класични телевизиски медиуми наспроти интернет видео медиумите. Како резултат на ривалството во моментот има голем одлив на гледачи од класичните медиуми во полза на интернет медиумите. Но, притоа има и големи губитници.
Заради глобализацијата на моќните интернет видеодистрибутивни компании (Јутјуб, Вимео, Твич и др.), голема загуба претрпеа класичните регионализирани медиуми, но и малите продуценти и интернет инфлуенсери од помалите заедници.
Пример 1: Јазична бариера. На провајдерот Јутјуб, видео блогер би заработил повеќе со пласирање на содржини на англиски јазик, отколку на било кој друг локален јазик. Македонските интернет инфлуенцери овде спаѓаат во една т.н. мала маргинализирана заедница.
Пример 2: Тематска бариера. На провајдерот Јутјуб, највеќе би заработиле со пласирање на популарни музички дела, пренкови, скриени камери и слично, а многу малку од емитување на класична музика, презентација на ликовни дела и слично. Од друга страна пак, во однос на бизнисите кои се рекламираат на Јутјуб, во втората (минорна) категорија на гледачи има многу повеќе потенцијални клиенти, отколку во првата категорија на гледачи, кои претежно ги гледаат овие содржини заради забава.
Во овој поглед класичните медиуми се уште не се во таа мера зафатени од глобализацијата, и можат да понудат адекватна помош за опстанок на овие маргинализирани заедници.
Тука доаѓаме до одговорот на прашањето: Зошто ваква иновативна хибридна платформа се покренува токму во Македонија?
На интернет постојат многу обиди за воведување на т.н. хибридно емитување на видео содржини, кое ќе биде од особена корист на малите производители на аудиовизуелни содржини, како и попрецизно таргетирање на потенцијални клиенти претежно од помалите бизнис компании. Во развиените држави стојат моќни компании и зад класичните, и зад интернет медиумите, па многу тешко дозволуваат нови „играчи“ на сцената од компании кои ќе го намалат профитот и на едните и на другите.
Главен заклучок на дебатите на оваа тема на многу интернет форуми е дека ваквиот иновативен начин на емитување мора да потекне токму од тематски или јазично маргинализираните заедници на Интернет.
Македонските интернет инфлуенцери и мали производители на аудиовизуелни содржини се можеби најпогодни, а во почетниот развој на вакви платформи би имале и најголем профит од ваквите услуги. Истото важи и за бизнисите ориентирани на македонскиот пазар, кои би добиле најповолна регионална реклама, како во класичниот, така и во дигиталниот маркетинг
Како планираме да обезбедиме одржливост на оваа платформа?
Истражувањата на пазарот за покренување на ваква платформа, тимот кој што стои зад MNet-NVoD ги започна уште во 2019 година, по неколкукратни неуспешни обиди за трансформација и реекипирање на конкретен класичен телевизиски медиум во нов хибриден.
Овие обиди резултираа со заклучок дека класичните медиуми во Македонија не се спремни ниту финансиски, ниту кадровски, за сами да ја извршат оваа трансформација. Од друга страна бизнис логиката не дозволува класичен медиум или бизнис да биде директен креатор на ваква платформа, која треба да е самоодржлива.
Свесни бевме дека покренување на независна самоодржлива платформа која иницијално ќе биде бесплатна, а ќе се финансира од маркетинг, потребни се големи почетни финансиски средства. За таа цел целокупните истражувања и целосниот бизнис проект беше доставен до Фондот за иновации и технолошки развој. Беше побаран кофинансиран грант, за покренување на платформата до степен на функционалност на концепт (proof-of-concept), и за одржливост на одреден период, додека самиот проект не започне да генерира добивка за самоодржливост.
Кои се фазите на развој на проектот за „Повеќенасочна дисперзирана ИПТВ мрежа“
Во првата фаза која траеше од септември до крајот на ноември 2020 година, проектот обезбеди proof-of-concept дека со дела од мали продуценти и интернет инфлуенсери може да се покрене класичен телевизиски канал, кој ќе ги задоволува законските нормативи предвидени во Законот за аудио и аудиовизуелни содржини, и ќе биде во согласност со правилниците пропишани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на Република Северна Македонија.
Во оваа фаза беше упатен јавен повик до сите мали продуценти и интернет инфлуенсери, кои имаат желба за емитување на нивните аудиовизуелни дела. Од овие содржини беше оформен телевизиски канал М Нет-ХД, кој во октомври 2020 година доби регионална лиценца за емитување на телевизиска програма во регионот Д3.
Во втората фаза (од декември 2020 до крајот на февруари 2021) година, аудиовизуелните содржини се распределуваат во тематски телевизиски канали, кои за почеток ќе бидат пет. Овие пет канали треба да докажат функционалност на концептот за тематско споделено рекламирање (ad-sharing). Каде рекламните спотови ќе бидат тематски распределени во тематски содржини, на различни тематски специјализирани телевизиски канали.
За почеток оваа платформа нуди 5 специјализирани и 1 општ канал. Специјализирани: М Нет-Инфо (информативен канал), М Нет-Спорт (спортски канал), М Нет-еСпорт (гејминг/компјутерски канал), М Нет-Кидс (детски канал) и М Нет-Гурман (кулинарски канал).
Со ова проектниот тим смета дека е постигната добра база за функционалност на ad-sharing системот за тематско споделено рекламирање помеѓу телевизиските канали.
Во третата фаза (март 2021 до мај 2021), MNet-NVoD треба да ја прикаже функционалноста на ad-sharing системот, како и да биде направена анализа на првичните финансиски показатели. Ќе бидат покренати и првите независни NVOD телевизиски канали од потенцијалните баратели на оваа услуга.
Во четвртата фаза (јуни 2021 до август 2021) MNet-NVoD треба да ја прикаже функционалноста на целиот концепт на хибридна повеќенасочна дисперзирана ИПТВ мрежа, кога ќе има и доволно финансиски показатели од податоците од страна на клиентите кои ја користеле мрежата.