Гледај, соработувај и заработи со MNet-NVoD!
Јас сум гледач. Што ми нуди платформата MNet-NVoD?
Платформата MNet-NVoD нуди тематски ориентирани телевизиски канали, кои ќе емитуваат програма претежно од македонски продуценти на програма. Тука ќе може да ги најдете сите содржини кои се емитуваат на каналот на Телевизија МНет ХД, но распределени на темите: информативна програма, спорт, детска програма, компјутери и гејминт, кулинарство и уште неколку други теми. Што е најважно, на тематските канали ќе ги гледате само рекламите наменети за природата на самиот канал.
Јас сум сопственик на бизнис. Што ми нуди платформата MNet-NVoD?
Како сопственик на бизнис Ви се отвораат нови можности за рекламирање. Рекламирањето ќе можете да го вршите тематски и дозирано. Сами одредувате дали и колку рекламата ќе се емитува на општиот канал на Телевизија МНет ХД, колку на секој од тематските канали, и колку во форма на дигитален маркетинг, кај интернет инфлуенцерите кои ги снабдуваат тематските канали со програмски содржини. Со тоа го добивате бенефитот од рекламирањето и во делот на класично емитување на програма, и во делот на ИПТВ платформите кои реемитуваат тематски канали и моментално земаат голем замав и се многу актуелни, така и во делот на дигиталниот интернет маркетинг.
Јас сум маркетинг агенција. Што ми нуди платформата MNet-NVoD?
Како маркетинг агент платформата ви нуди широка лепеза на рекламни услуги, кои може да ги понудите на Вашите клиенти. Можете да креирате рекламна кампања која ќе биде внимателно насочена кон планираната таргет публика, дозирано според медиумот на емитување (класичен телевизиски, ИПТВ тематски, како и интернет дигитален маркетинг), а во исто време дозирано и според жанрот и тематиката на програмата, за која е заинтересиран Вашиот клиент.
Јас сум интернет инфлуенцер. Што ми нуди платформата MNet-NVoD?
Платформата MNet-NVoD, благодарение на повеќенасочната дисперзирана ИПТВ архитектура на функционирање, е идеална за интернет инфлуенцерите кои произведуваат видео материјал. Платформата може да ја искористите како медиум за проширувањето на рекламните услуги кои ги нудите кон вашите клиенти, со проширување на емитувањето на вашите видеа на класичен медиум и ИПТВ тематски платформи. Доколку пак имате доволно материјал за свој тематски канал, MNet-NVoD ви нуди можност за отворање на сопствен телевизиски NVoD канал.
Како се врши распределбата на рекламниот простор низ MNet-NVoD?
Рекламниот простор медиумски, тематски и временски се распределува низ претходно дефиниран алгоритам на споделени реклами, сличен на алгоритамот на платформите YouTube и Facebook, а прилагоден на архитектурата на самата платформа. Средствата добиени од реклами процентуално се делат за одржување на платформата, а дел оди за исплата на продуцентите кои ја снабдуват платформата со програма.
Која е сигурноста за одржливоста на платформата на среден и долг рок?
За отпочнување со работа и за среднорочен план, платформата MNet-NVoD, како иновативна платформа, е финансиски поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија. Откако платформата го помине стадиумот на proof-of-concept и стане тотално функционална, ќе продолжи со самофинансирање.